Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лејди Гага со рогови на лицето за Harper’s Bazaar

ФОТО: Лејди Гага со рогови на лицето за Harper’s Bazaar

Лејди Гага повторно ги привлече погледите на јавноста со своите ексцентрични изуми. 25-годишната пејачка сними едиторијал за списанието Harper’s Bazaar и повторно ги промовираше роговите на лицето.

И како што се очекува, на некои од фотографиите Гага е разголена по долна облека, а на други е облечена во авангардни и необични креации. Фотосесијата била направена од прочуениот фотограф Тери Ричардсон.

Лејди Гага Лејди Гага
Лејди Гага

Интервјуто со екстравагантната Гага било исто толку чудно како и нејзиниот стил.

Лејди Гага за роговите: „Па, како прво, тие не се протетички. Тоа се моите коски. Тие отсекогаш биле во мене, но го чекав вистинското време за да му покажам на универзумот која сум всушност јас. Тие излегуваат кога сум инспирирана. Сите ние имаме такви коски! Тие се светлината од внатре од нас“. Но, кога интервјуерот ја запрашал дали е загрижена дека некои фанови може да се повредат сакајќи да ја имитираат нејзината трансформација, Гага одговорила: „Јас се немам повредено. Сакам да бидете многу внимателни во однос на тоа како гледате на ова. Тоа е уметничко изразување. Тоа е уметничко дело за настап. Јас никогаш не сум ги поттикнувала моите обожаватели да се повредуваат, ниту пак го романтизирам мазохизмот.

Лејди Гага Лејди Гага

Лејди Гага за пластичната хирургија: „Никогаш си немам направено пластична операција, а има многу поп пејачи кои си имаат направено. Мислам дека промовирањето на несигурноста во форма на пластична операција е бескрајно поштетно отколку уметничко изразување поврзано со модификација на телото.“

Лејди Гага Лејди Гага

Гага смета дека дизајнерот МекКвин по смртта започнал да работи преку неа.

Лејги Гага за Александар МекКвин: „Сметам дека го испланира сето ова: веднаш откако почина, јас ја напишав „Born This Way“... Не ја напишав јас ******* песна. Тој ја напиша.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22186 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.