Лејди Гага престојува во Париз, каде утре ќе настапи на шоуто на Victoria’s Secret.
30-годишната пејачка, позната по ексцентричниот стил на облекување, беше фотографирана на улиците на Градот на светлината во необичен стајлинг, кој вклучуваше волуменозна бунда.

Сината креација доаѓа од модната куќа Сен Лоран, а е изработена од природно крзно од лисица и чини 16.300 евра. На нозете, Лејди Гага носеше чизми со вртоглаво високи штикли.




Многумина ја нападнаа 30-годишната музичарка заради изборот да носи вистински крзно.


Освен Лејди Гага, на ревијата на VS музички гости ќе бидат и Бруно Марс и The Weeknd.