По прославувањето на божиќните празници, Леонардо Дикаприо и Виторија Черети отпатуваа на Карибите.
50-годишниот актер и 26-годишниот модел беа „уловени“ од папараците додека уживаа на островот Свети Вартоломеј.
Славниот пар се разладуваше во бистрите води и си разменуваше нежности.
Атрактивната манекенка носеше танга бикини од брендот Blumarine.