Лана Дел Реј ја освојува и Јапонија. 26-годишната пејачка направи фотосесија инспирирана од јапонската манга за „Numéro Tokyo“.
Облечена во пролетни модели од Шанел, Валентино, Роберто Кавали и Прада, Лана позираше за мартовското издание на списанието.
Колоритните фотографии со пресилени бои и нереални позадини се дело на познатиот фотограф Мариано Виванко.