Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лана Дел Реј и Џеси Џеј со нови фризури

ФОТО: Лана Дел Реј и Џеси Џеј со нови фризури

На манифестацијата по повод доделувањето на наградите GQ Men of the Year, две нови музички ѕвезди привлекоа кон себе многу погледи со промената на изгледот.

Лана Дел Реј се појави на црвениот тепих во едноставен бел фустан од австралискиот дизајнер Вејн Купер и тешко е да не се забележи нејзината нова темна боја на косата.

Лана Дел Реј
Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Гламурозната фризура со ретро локни Лана ја имаше комбинирано со класичен црвен кармин. На свеченоста одржана во Лондон, Лана ја прими наградата „Жена на годината“.

Лана Дел Реј

Џеси Џеј пак направи целосна промена во имиџот. Девојката која речиси секогаш имаше откачена шминка, фризура и шашава облека се насочи кон поприродна шминка, поелегантна облека и посветла боја на косата.

Многу нејзини обожаватели, изненадени од промената на имиџот, речиси и не можат да ја препознаат на фотографиите од настанот.

Џеси Џеј Џеси Џеј

А еве и како изгледаа Лана и Џеси пред промената на изгледот:

Лана Дел Реј Џеси Џеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19108 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.