Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лана Дел Реј е хипи девојка за „Madame Figaro“

ФОТО: Лана Дел Реј е хипи девојка за „Madame Figaro“

Лана Дел Реј најчесто блеска во ретро издание инспирирано од стилот во 50-тите години, но сега ја покажува и својата хипи страна.

За списанието „Madame Figaro“, 26-годишната пејачка позираше во хипи облека, карактеристична за 60-тите и 70-тите години.

Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Фотосесијата за француското списание ја направи истакнатиот фотограф Жан-Батист Мондино.

Лана освои милиони обожаватели со својот нестандарден ретро имиџ и веднаш го привлече вниманието на модниот свет. „Уште како дете се чувствував поразлична. Отсекогаш сакав да го претворам својот живот во уметност“ – изјавила таа.

Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Во интервјуто за списанието, таа открила дека била проблематична во тинејџерските години. Започнала да пие на 14 години, но на 16-годишна возраст се ослободила од тој порок. Нејзина најголема страст сепак останува пишувањето песни. „Кога успевам да ги пронајдам точните зборови за да ги опишам моите чувства, чувствувам пеперутки во стомакот“ – објаснила таа.

Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.