Откако во годината што изминува си доби место во „Вог“ Велика Британија, „Вог“ Италија, „Вог“ Јапонија, „Вог“ Австралија и многу други врвни списанија, Лана Дел Реј ги краси и страниците на најновото издание на „Вог“ Кина.
26-годишната пејачка направи едиторијал во препознатливо ретро издание, со волуменозна фризура и силна шминка на очите. За јануарското издание на списанието, таа позираше во пастелни креации на бреднови како Mulberry, Masha Ma и Lara Bohinc.
Пред неколку дена на интернет „протекоа“ две нови песни на Лана, „Dynamite“ и „Noir“.