Кристина Спасеноска, нашата претставничка на Мис на светот 2013, сними уште една мини фотосесија на егзотичниот остров Бали, со која го надополни својот профил.
На фотографиите направени во хотелот Ayodya, 21-годишната Кичевчанка носи долг црно-бел фустан.
Кристина заедно со околу 130 убавици од целиот свет активно се подготвува за големото финале кое ќе се одржи на 28 септември.