Кристина Спасеноска е нашата претставничка на Мис на светот 2013. 21-годишната девојка од Кичево моментално е на егзотичниот остров Бали, Индонезија, заедно со останатите учеснички од целиот свет.
Македонската претставничка, како и останатите девојки, позираше за мини фотосесија и сними кратко видео во кое откри малку повеќе за себе.


Свечената манифестација на која една од девојките ќе ја понесе титулата „Мис на светот“, ќе се одржи на 28 септември.