Кристи Бринкли ги освои фото-репортерите на розовиот тепих на забавата по повод новото издание со костими за капење на Sports Illustrated.
60-годишната убавица, која во минатото многупати била на насловната страница на популарното издание, блескаше во портокалов фустан од Викторија Бекам.
На забавата инспирирана од Барби присуствуваше и Ирина Шајк, која и оваа година ќе заведува во бикини од страниците на специјалното издание. Згодната манекенка ги истакна облините во син фустан од Емилио Пучи.
На насловната страница на јубилејното 50-то издание оваа година се најдоа Лили Олдриџ, Криси Тигнен и Нина Агдал.
Трите главни девојки заедно со Кристи и Ирина беа гостинки на синоќешната забава на SI во Њујорк.