Кристен Стјуарт се сели во нов дом којшто е на само 2,5 километри од сегашното живеалиште на Роберт Патинсон. 22-годишната актерка со новата куќа уште повеќе ги подгреа гласините дека ја обновила врската со Патинсон.
Луксузниот дом кој се наоѓа зад високи ѕидови во Лос Фелиз, Лос Анџелес, вклучува 4 спални соби и 5 бањи, две големи тераси со прекрасен поглед и базен со спа.
Кристен се исели од домот на Патинсон набрзо по нејзината афера со режисерот Руперт Сандерс. Но, во изминативе неколку дена младите ѕвезди од „Twilight“ беа неколкупати видени заедно, а тоа ги израдува нивните фанови.