Криси Тиген, Џон Леџенд и Луна се на семеен одмор на француската ривиера.
Пред неколку дена, славното семејство беше фотографирано додека се релаксираше на приватна јахта во Сен Тропе. Облечена во бела маица, жолти панталони со висок струк и очила од Chloe Jackson, 30-годишната манекенка нежно ја држеше тримесечната ќерка во рацете.











Тиген очигледно ужива додека го гледа својот сакан како се поврзува со Луна. Таа на Snapchat сподели фотографија на која малото бебе позира со слатка насмевка на лицето над својот познат татко.

Криси и Џон се заедно од 2007 година.