Криси Тиген и Џон Леџенд максимално ѝ се посветени на ќеркичката Луна, која пред два дена наполни 6 месеци.
30-годишниот модел, 37-годишниот пејач и нивната ќерка беа фотографирани на прошетка во Њујорк.







Криси сподели семејно видео на кое ја забавува Луна. „Колку поглупаво изгледате, толку посреќни се“ – напиша Тиген.
Истиот ден, Криси беше фотографирана додека си играше со ќерка си во парк.











Во саботата, парот присуствуваше на забава во Конектикат, по повод 20-годишнината на казиното „Mohegan Sun“. На настанот, Криси носеше фустан од Juan Carlos Obando и сандали од Aquazzura.


