Криси Тиген и Џон Леџенд беа гости на манифестацијата Hamilton Behind The Camera Awards. На црвениот тепих во Лос Анџелес, славниот модел уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон сексапилни креации.

За свеченоста, Тиген облече црн фустан од материјал кој имитира крокодилска кожа од високата мода на Николас Оуквел. Припиената креација таа ја искомбинира со сандали од DSquared2 и чантичка од Jimmy Choo.








