Бијонсе копнее да ја покаже својата доминација на музичката сцена, па нејзините костими за турнејата „Mrs. Carter Show“ не се само обични дизајнерски креации.
За да го усоврши својот изглед, 31-годишната пејачка соработуваше со многу креатори и модни куќи, меѓу кои и Емилио Пучи, Живанши, Ралф и Русо и Дејвид Кома.
Големата светска турнеја познатата г-ѓа Картер ја започна во Белград, каде најмногу внимание привлече нејзиниот костим со истакнати брадавици.
За изработка на златното боди биле потребни 600 часа и вкупно 30.000 сваровски кристали. Костимот е модна соработка меѓу дуото The Blondes, мајката на Бијонсе и нејзиниот стилист Тај Хантер.
Обувките на Бијонсе се специјално направени за неа од Стјуарт Вајцман.
Бијонсе денес го објави и првиот трејлер од турнејата, па може преку видео да се види како поп дивата владее на сцената.