Кира Најтли со својата класична убавина го краси октомвриското издание на модната библија „Вог“.
За фотографиите 27-годишната актерка позираше пред објективот на Марио Тестино, во креации од високата мода. Исто така, Најти претстави и еден од нејзините костими од филмот „Ана Каренина“.
Во интервјуто за списанието таа зборувала за феминизмот, мајчинството, како и комплицираната улога на Ана Каренина.
За ликот на Ана Каренина: „Таа е и негативец и хероина. Може да биде неверојатно површна и манипулативна. Таа е личност која го крши својот морален код и сепак, срамот и одбивноста со кои живее поради тоа ја прават фасцинантна.“
За феминизмот: „Се сеќавам порано кога на интервјуа ќе ме прашаа како на шега: Па, велиш дека си феминистка? Исто како феминизмот да мора да биде дискутиран со потсмев. Не сакам да ја негирам мојата женственост, но дали сакам да бидам мајка домаќинка која не работи? Не. Од друга страна, жените треба да можат да прават што сакаат, исто како и мажите, без некој да ги исмејува.“
За прифаќањето на тешки улоги: „Не ме интересираат жени кои само се соблекуваат или имаат секс и потоа велат нешто кул. Мислам дека многу луѓе ги сакаат улогите на херои, но тоа мене не ме привлекува многу. Многу ми е поинтересно да размислувам за ликови чии постапки немаат секогаш смисла.“