Ревијата на Balmain привлече во Париз мала армија светски познати манекенки, а во првите редови видни модни уредници и славни лица.
Сепак, многу фоторепортери ги имаа насочено објективите кон Ким Кардашијан, која се појави со нова руса фризура. Според Vogue, новиот имиџ на Ким предизвикал папараци „лудило“ пред почетокот на ревијата.





34-годишната ТВ ѕвезда седеше во првиот ред заедно со својот сопруг Кание Вест и мајка си Крис Џенер. Популарниот брачен пар не ги пропушта ревиите на Balmain и одржува силна пријателска врска со креативниот директор на брендот, Оливие Рустан.







Ким и Кание се редовни гости на Париската недела на модата.