Ким Кардашијан доби уште една корица на „Вог“, на големо (не)задоволство на читателите на модното списание.
Ѕвездата на шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ ја доби единствената улога во главниот едиторијал од јунското издание на „Вог“ Бразил, посветен на жените со облини.
Фотосесијата инспирирана од Мерилин Монро е дело на познатата германска фотографка Елен фон Унверт.

Списанието се фокусираше на огромниот успех на Ким, која само во изминатава година заработи 28 милиони долари. Во интервјуто, Кардашијан им се обрати на сите оние кои ја напаѓаат со тврдењето дека таа нема талент. „Ги предизвикувам сите да се обидат да направат сè што правам јас, а потоа да ми кажат дали имам талент или не“ – рекла таа.


