Кели Кларксон се подготвува за свадба. 30-годишната пејачка ја прифати понудата за брак на Брендон Блексток.
„Се свршив! Сакав сите да знаете! Синоќа беше најсреќната ноќ во мојот живот! Многу сум среќна и сум со најдобриот маж“ – со оваа порака Кели им ја соопшти веста на своите фанови.
Два часа подоцна таа објави и фотографија од свршеничкиот прстен, изработен од Џонатон Арнд. Кели откри дека прстенот бил дизајниран со помош на нејзиниот свршеник, а е направен од жолт дијамант, обиколен од повеќе мали бели дијаманти.
Кели и Брендон се заедно веќе две години. Брендон всушност е син на долгогодишниот менаџер на Кларксон, Нарвел Блексток.