Слободно може да се каже дека Леонардо Дикаприо е еден од најталентираните, најплатените и најпосакуваните актери во Холивуд. „Незрелото момче“ кое го освои филмскиот свет со својата улога во „What’s Eating Gilbert Grape“, денес е сериозен маж, актер и продуцент.
Покрај бројните награди, Дикаприо, кој пред пет дена го прослави својот 42. роденден, оваа година се закити со најпосакуваната награда во Холивуд – Оскар за Најдобар актер. Статуетката му ја донесе неговата улога во филмот „The Revenant“.
Погледнете ја големата трансформација во изгледот на Лео од неговото прво појавување на црвениот тепих како младо момче со долги шишки до неговото последно чекорење на свечен настан како елегантен шармер:




























