Адријана Лима ја презентира спортската колекција на Victoria’s Secret. За јулскиот каталог на познатиот бренд, згодната Бразилка позираше во спортски градници, хеланки и блузи од модната линија VSX.
Лима веќе 13 години има непрекината соработка со VS. 32-годишната мајка на две девојчиња стана „ангел“ во 2000 година и оттогаш редовно е дел од кампањите и ревиите на американската компанија.