Преминувајќи од песна во песна со неверојатна леснотија, Ерос Рамацоти ја разгалуваше македонската публика.
Италијанскиот музичар вечерва настапи во А1 Арена, а присутните си заминаа исполнети со емоции. 55-годишниот пејач го започна концертот со пораки за важноста на зачувувањето на животната средина.
Сензуалната и сензационална „Un'Emozione Per Sempre“ распеа илјадници грла, а Ерос забавуваше и со поновите хитови како „Per Le Strade Una Canzone“.
Погледнете како изгледаше Рамацоти на сцената во нашиот главен град:
Фото: Филип Вирановски/Femina.mk