Запознајте ја Марика Пелегринели – убавицата која го „зароби“ срцето на Ерос Рамацоти. Атрактивната актерка и модел и талентираниот италијански пејач се во брак од 2014 година.
Ерос и Марика имаат две деца, 7-годишна ќерка која се вика Рафаела Марија и 3-годишен син, кој го носи името Габрио Тулио.
30-годишната Италијанка успешно плива во водите на модната индустрија, а има добиено неколку помали улоги во филмови како „Somewhere“, „Barney's Version“ и „Don Matteo“.
За свадбата, Марика носеше фустан од модната куќа Валентино, а на него беше рачно навезена нивната омилена љубовна песна.
Рамацоти има и 21-годишна ќерка од претходниот брак со швајцарската актерка и модел Мишел Хунцикер.
Македонската публика ќе има можност во живо да ужива во музиката и гласот на Ерос. Тој ќе одржи свој концерт во Скопје во септември следната година.