Ерос Рамацоти ќе пристигне во Македонија со статус сингл. Италијанскиот музичар објави дека се разведува од Марика Пелегринели, со која беше во брак 5 години.
Љубовната романса на 55-годишниот италијански пејач и 31-годишниот модел започнала пред една деценија. Парот заедно има две деца: 7-годишна ќерка која се вика Рафаела Марија и 4-годишен син, кој го носи името Габрио Тулио.
„Ова беа прекрасни десет години, заедно изградивме прекрасно семејство и бевме среќни на незаборавни начини. Ова е заедничка одлука и ние ќе продолжиме да се гледаме еден со друг многу често. Нашиот однос останува пријателски и љубовта која ја делевме сè уште е тука. Имаме голема почит еден кон друг и ја замолуваме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“ – стои во заедничко соопштение на парот.
Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје на 30 септември.