Роберто и Ева Кавали 35 години живеат заедно во шармантен дом во Фиренца. Популарниот дизајнер ги отвори вратите на големиот имот за списанието „InStyle“, а фотографиите откриваат што се крие во куќата на „кралот на егзотичните принтови“.
На една од фотографиите брачниот пар се релаксира со своите внуци во зелена градина. „Моите саботи им припаѓаат ним. Обожавам да си играм со нив“ – изјавил Кавали за своите внучиња.
74-годишниот дизајнер се фотографирал и покрај својот ретро автомобил и хеликоптерот кој сам го пилотира.