Ирина Шајк се разголи за „GQ“ Италија. 30-годишната руска убавица позираше како од мајка родена за септемвриското издание на машкото списание.
Марио Соренти ги потпишува црно-белите фотографии со атрактивниот модел. „Марио прави жените да изгледаат самоуверено, убаво и секси. Беше толку забавен ден“ – изјавила Шајк.









Ирина е ѕвездата и од британското издание на „GQ“, а досега е објавена само една фотографија. За таа фотосесија бил ангажиран Маријано Виванко.
