Модните ангажмани на Ирина Шајк се нижат со леснотија. Привлечната Русинка беше фотографирана за време на снимањето на едиторијал за новото издание на „Вог“.
За фотосесијата, која се одвиваше во Централ парк во Њујорк, модното списание го ангажирало фотографот Мајкл Стјуарт.
На фотографиите, 30-годишната манекенка бега од згоден полицаец, а подоцна го заведува.





















