„GQ“ ја разголи и Бијонсе, а доказ за тоа е скенираната насловна страница на новото издание на машкото списание којашто се распространи на интернет.
На фотографијата, 31-годишната музичка ѕвезда позира во гаќички со леопардски принт и кратка спортска маичка која отскрива дел од нејзините гради. Бијонсе гордо го покажува своето тело една година по раѓањето на малата Блу Ајви.
Сè уште нема објавени официјални фотографии од фотосесијата, којашто списанието најверојатно ја направило во рамките на прилогот „100 најсекси жени на 21. век“.
За декемвриското издание на „GQ“ разголена позираше Ријана.
Надополнето:
Еве ја и оригиналната фотографија.