Ијан Сомерхолдер е лицето од насловната страница на списанието „Defy“. 33-годишниот актер, познат по улогата во серијата „Vampire Diaries“, позира во лежерни комбинации, мамејќи ги погледите на своите бројни обожавателки.
Ијан уште од мали нозе започнал да работи како модел за модни брендови од рангот на Calvin Klein, Dolce & Gabanna, Gucci, Versace и Guess. Добри филмски улоги започнал да добива откако наполнил 20 години. Тој бил дел од екипата на филмовите „Life as a House“ и „The Rules of Attraction“ и од сериите „Lost“ и „Tell Me You Love Me“.
Сепак, најголемиот успех тој го постигнал со серијата „Vampire Diaries“, во која глуми заедно со својата девојка од реалниот живот, Нина Добрев.
Во слободното време, популарниот актер е посветен на заштита на природата. Излевањето на нафта во САД во 2010 година направило катастрофална штета во местото во кое израснал Ијан, па тогаш тој решил да стане активист. „Гледајќи како нафтата на БП го уништува мојот дом и една од најубавите водни површини на планетата, сфатив дека чувството на беспомошност не треба да помине незабележано и дека ниту јас, ниту моето семејство, ниту моите деца, ниту еден човек на планетата, не треба никогаш повторно да се почувствува беспомошно“ – изјавил тој.
Неговиот тим до ден денес работи на расчистување на нафтата и спасување на животните.