Ијан Сомерхолдер и Ники Рид планираат да запливаат во брачните води. Славните актери, кои ја започнаа својата врска во јули минатата година, се свршија.
Веста за свршувачката ја потврдиле личности блиски на парот, но сè уште нема официјално соопштение од нивен претставник за јавноста.
Пред неколку дена Ијан и Ники присуствуваа на забавата на InStyle по повод „Златен глобус“.
36-годишниот актер претходно беше во долга врска со својата колешка од „The Vampire Diaries“ Нина Добрев. Пред врската со Ијан, Ники беше во брак со музичарот Пол МекДоналд. Таа поднесе документи за развод во мај минатата година.