Машкото списание „GQ“ ја прогласи Емилија Кларк за „Жена на годината“ и ја покани да сними фотосесија за новото издание.
Луј Витон, Армани, Шанел, Диор, Оскар де ла Рента, Балман и Емилио де ла Морена се модните куќи чии креации 28-годишната актерка ги носи за фотосесијата. Накитот доаѓа од францускиот бренд Картие.
Фотографиите ги потпишува фотографското дуо Hunter & Gatti.






Талентираната актерка од хит-серијата „Game of Thrones“ ја прими наградата од познатото списание на манифестацијата која пред неколку дена се одржа во Лондон.
На црвениот тепих Кларк зачекори во креација од колекцијата ресорт 2016 на Оскар де ла Рента.


