Ема Вотсон изгледа прекрасно на двете корици на новото издание на списанието „Wonderland“.
На првата корица Ема упатува лукав поглед кон објективот на Кристијан Ојта, а носи креација од Долче и Габана.
За втората корица стилистката Грејс Коб избра жолта креација со зелени блескави камења од модната куќа Прада.
Освен што Ема ги краси страниците на списанието, таа е вклучена во создавањето на изданието февруари-март како гостин-уредник.
Вчера беше објавен и новиот трејлер за најновиот филм на Вотсон, „Noah“, во кој главните улоги ги имаат и Расел Кроу и Џенифер Конели.