Елтон Џон и Дејвид Фурниш ја официјализираа својата љубов и го претворија долгогодишното граѓанско партнерство во легален брак.
Познатиот пар заплива во брачните води во Лондон, Англија, каде во март оваа година беше легализиран истополовиот брак. Церемонијата се одржала на имотот на Џон и Фурниш во Виндзор.
Покрај избраните гости, можност во живо да „ѕирнат“ во приватната прослава добија и сите присутни на Instagram. Имено, за време на подготовките, потпишувањето на официјалниот документ и церемонијата, на Instagram профилот на 67-годишниот поп музичар беа објавени неколку фотографии.
Меѓу присутните беа ѕвезди како Викторија и Дејвид Бекам, Хју Грант, Ед Ширан, Елизабет Харли, Гери Барлоу, Лулу и Дејвид Вилијамс.
Елтон и Дејвид се во врска 21 година, а во 2005 година тие склучија граѓанско партнерство. Заедно имаат два сина – 3-годишниот Закари и едногодишниот Елајџа – родени од сурогат мајка.