Елтон Џон и Дејвид Фурниш го проширија своето семејство со второ синче. Малото бебе било родено на 11 јануари во Лос Анџелес од сурогат-мајка, а го носи името Елајџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон.
65-годишниот пејач и неговиот долгогодишен љубовен партнер веќе се родители на двегодишниот Закари, кој исто така беше роден од сурогат-мајка.

„Двајцата копнеевме да имаме деца... Раѓањето на нашиот втор син го комплетира нашето семејство на најскапоцен и совршен начин. Тешко е да се објасни како се чувствуваме во овие моменти. Ние сме обземени од среќа и возбуда“ – пишувало во соопштението за јавноста на среќниот пар.
Елтон и Дејвид стапија во брак во 2005 година, по 12-годишна врска.