Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Елизабет Харли и на 46 години изгледа одлично во бикини

ФОТО: Елизабет Харли и на 46 години изгледа одлично во бикини

Годините не треба да се пречка за жените да изгледаат убаво. Тоа го тврди Елизабет Харли, а го докажува со нејзината фотосесија за списанието Zest.

На фотографиите 46-годишната актерка облечена во бикини изгледа барем десет години помлада. Во интервју за списанието таа споделува дека сега не ѝ е толку лесно да ја одржува својата убавина како што ѝ било кога се наоѓала во своите дваесетти години, но дека вложува многу напори за да изгледа најдобро што може.

Елизабет Харли

„Сакам кога жените изгледаат фантастично и мислам дека стареењето не значи и полош изглед. Според мене, не треба да се трудите да изгледате помлади, туку треба да се осигурите дека изгледате најдобро што можете“ – изјавила таа.

„Без сомнение, кога еднаш ја достигнав 40-тата година, морав да вложам поголем напор и дури тогаш сфатив колку беше полесно кога бев помлада. Тогаш можев да изгледам многу добро и со три часа спиење. Сега изгледам како лудачка ако не отспијам барем двојно од тоа. Во моите дваесетти можев да живеам на кафе, цигари и чипс, но сега, ако само неколку дена го направам тоа, ќе изгледам и ќе се чувствувам страшно“ – објаснила Лиз, новата ѕвезда на „Gossip Girl“.

Елизабет Харли

Кога станува збор за диетата на Елизабет, таа тврди дека консумира сè, но само ако е органско. „Скоро никогаш не јадам нешто од конзерва или пакетче, а истото важи и во празничната сезона. Ја обожавам домашно приготвената храна и сум уверена дека консумирањето на процесирана и пакувана храна во големи количини го поттикнува дебелеењето. Ако се замислите, домашната торта има само 4 состојки: путер, јајца, шеќер и брашно, но ако ги погледнете состојките на тортите купени од продавница, ќе видите четири пати повеќе состојки, а повеќето од нив не сакате да ги внесувате во своето тело“ – дополнила Харли.

Елизабет Харли

Елизабет во почетокот на октомври се сврши со Шејн Ворн. Нивната врска започна уште додека Лиз беше во брак со бизнисменот Арун Најар. Таа најави дека се разведува дури откако папараците ја обелоденија нејзината врска и изјави дека нејзиниот брак бил распаднат уште пред да започне да се состанува со Шејн.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.