Не помина ни една година од нејзиниот развод, а Елизабет Харли е убедена дека го пронашла вистинскиот и е подготвена повторно да заплива во брачните води.
За време на изминатиов викенд Елизабет Харли и Шејн Ворн ја потврдија веста за нивната свршувачка. „Благодарам за честитките“ – напишаа тие на Twitter.
Само еден ден подоцна, австралискиот крикет играч повторно им се обрати на неговите следбеници на социјалната мрежа за да ги демантира гласините дека свршувачката се случила пред очите на 200 гости.
„Не ѝ предложив брак на вечера пред 200 гости. Го направив тоа приватно и беше многу романтично“ – објаснил Ворн.
Веднаш по објавувањето на веста за свршувачката, папараците го „уловија“ вереничкиот прстен на Харли, кој е украсен со голем сафир и два дијаманта.
46-годишната актерка се запознала со Ворн во јули минатата година. Во декември беше објавена фотографија на која тие се бакнуваат, иако во тоа време Харли сè уште беше во брак со бизнисменот Арун Најар. По тој настан, Харли објави дека се разведува.
Разводот на Лиз беше финализиран во јуни оваа година.