Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Екипата на „Gossip Girl“ ја прослави 100-тата епизода

ФОТО: Екипата на „Gossip Girl“ ја прослави 100-тата епизода

Девојките и момците од хит серијата „Gossip Girl“ наздравија за 100-тата епизода. Блејк Лајвли, Лејтон Мистер и Мишел Трахтенберг им се придружија на Ед Вествик, Пен Беџли и Чејс Крафорд на црвениот тепих на свечената прослава во Њујорк.

Блејк Лајвли го привлече вниманието со раскошен фустан на Marchesa, а Лејтон за вечерта избра поедноставна тоалета на Balmain.

Блејк Лајвли Блејк ЛајвлиБлејк Лајвли
Лејтон Мистер Лејтон МистерЛејтон Мистер
Мишел ТрахтенбергМишел Трахтенберг Роксен МескидаРоксен Мескида
Ед Вествик Ед ВествикЕд Вествик
Пен Беџли Пен БеџлиПен Беџли
Чејс Крафорд Чејс КрафордЧејс Крафорд
Пен, Ед и Чејс

На прославата присуствуваа и Метју Сетл (таткото на Ден), Кели Ратерфорд (мајката на Серена), Кејли Дифер (Ајви) и Роксен Мескида (сестрата на принцот).

Стотата епизода е онаа за свадбата на Блер со принцот. Но, што точно ќе се случи гледачите ќе дознаат на 30 јануари.

Кејли ДиферКејли Дифер Метју Сетл и Кели Ратерфорд

Маргарет Колин, која ја има улогата на мајката на Блер, ги увери љубопитните гледачи дека дефинитивно ќе ја видат Блер како се упатува кон олтарот, иако продуцентот Џошуа Сафран призна дека можеби се работи за сон. Џорџина ќе се врати токму навреме за кралската свадба и како и секогаш ќе создаде голем проблем. Продуцентите ветија дека претстојат неколку возбудливи сцени со Чак и Блер. „Имаме неколку неверојатни Чак-Блер сцени во наредните неколку епизоди“ – признала Стефани Савиџ.

Пред само една недела се појавија фотографии од Блер во невестински фустан како трча низ улиците на Њујорк, па многу фанови на серијата претпоставуваат дека кралската свадба нема да се одржи.

Блер во невестинскиот фустанБлер во невестинскиот фустан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.