Руслана ја освои публиката со својот „див танц“ на Евровизија во 2004 година.

Енергичната пејачка, која тогаш ѝ ја однесе победата на Украина со хитот „Wild Dances“, оваа година повторно ќе настапи на евровизиската сцена со својата најнова песна „It's Magical“.
Музичката ѕвезда од Украина денес има 43 години и сè уште изгледа фантастично. Во текот на кариерата, таа многупати била наградувана за нејзиниот придонес во музичкиот свет.





Талентираната музичарка беше амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ во 2004 и 2005 година, а во 2013 година се вброи помеѓу десетте најмоќни жени од Украина според Forbes.















Руслана е во брак со Олександар Ксенофонтов од далечната 1995 година.
Нејзината изведба е планирана за финалната вечер на овогодишното 62. по ред издание на изборот за најдобра песна во Европа, која е закажана за 13 мај.
Потсетете се на победничкиот настап на Руслана:

