Една од дамите кои привлекуваа најмногу погледи на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес беше Ева Лонгорија. На свеченоста, 40-годишната актерка ја истакна својата фигура во секси креација.
Фустанот во кој ѕвездата од „Очајни домаќинки“ заблеска на црвениот тепих е дело на Џулиен Мекдоналд. Разголениот маслинест фустан Ева го искомбинира со обетки со смарагди од Лорејн Шварц и сандали од Олгана Париз.
Од раката на популарната актерка сјаеше нејзиниот голем веренички прстен. Ева го прифати предлогот за брак на Хозе Антонио Бастон пред еден месец.