Ева Лонгорија уживаше на плажа со семејството.
49-годишната актерка пливаше и се забавуваше со синчето Сантијаго облечена во портокалови бикини. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ беше фотографирана на плажа во Марбеља, Шпанија, заедно со 6-годишното момче и сопругот Хозе Пепе Бастон.
Дуото мајка-син имаше сладок момент кога си сподели бакнеж и тој беше овековечен од папараците.
Ева возеше и педалинка додека малото момче се спушташе по лизгалката.
Марбеља всушност е градот во кој моментално живее Лонгорија со семејството. Во 2023 година, тие се преселија од Лос Анџелес во Шпанија.
„Ева и Хозе засекогаш го напуштаат Лос Анџелес и повторно го објавија нивниот дом на продажба“ – рекол извор близок до парот.
Ева и Хозе стапија во брак во Мексико во мај 2016 година, а во 2018 година се роди нивниот син.