Минатата година Ева Лонгорија ги изненади присутните на доделувањето на ALMA Awards со 9 различни фустани. Иако оваа година не успеа да се надмине себеси, сепак нејзиниот изглед привлече големо внимание, бидејќи се промени 8 пати.
На црвениот тепих 38-годишната ѕвезда се појави во креација на Зухаир Мурад. Црвениот долг фустан во кој се мешаа кожа и чипка го најави модниот маратон на Лонгорија во Пасадена, Калифорнија.
Тимот кој стоеше зад стајлингот на Ева не доби пауза, бидејќи нејзините фустани се менуваа со исто темпо како и нејзините фризури.
Заедно со згодниот Марио Лопез, Ева ја водеше свеченоста посветена на латино ѕвездите во шоу-бизнисот.