Најдобрите во филмската и телевизиската индустрија се закитија со наградите „Златен глобус“. Свечената манифестација по повод доделувањето на златните глобуси се одржа во Беверли Хилс, Калифорнија.
„American Hustle“ беше големиот победник на вечерта. Филмскиот хит на Дејвид О. Расел ги победи „Her“, „Inside Llewyn Davis“, „Nebraska“ и „The Wolf of Wall Street“ во трката за наградата Најдобар мјузикл/комедија.
За улогите во „American Hustle“, Ејми Адамс ја освои наградата Најдобра актерка во мјузикл/комедија, додека Џенифер Лоренс ја доби наградата Најдобра актерка во споредна улога.
Во рацете на Леонардо Дикаприо замина наградата Најдобар актер во мјузикл/комедија за филмот „The Wolf of Wall Street“. Додека им се заблагодаруваше на своите соработници, пријатели и на семејството, 39-годишниот актер се пошегува дека никогаш не ни помислувал дека ќе добие награда за најдобар актер за комедија.
„12 Years a Slave“ имаше седум номинации, но победи само во категоријата Најдобра драма.
„Dallas Buyers Club“ на Метју Меконахи му ја донесе наградата Најдобар актер во драма, додека за улогата во истиот филм Џаред Лето беше прогласен за Најдобар актер во споредна улога.
За филмот „Blue Jasmine“ Кејт Бланшет ја доби наградата Најдобра актерка во драма.
За време на тричасовната церемонија, Алфонсо Куарон беше прогласен за Најдобар режисер, за хитот „Gravity“.
Музичкиот бенд U2 си замина со наградата за Најдобра оригинална песна за „Ordinary Love“, напишана за филмот „Mandela: Long Walk to Freedom“.
„Brooklyn Nine-Nine“ доби признание за Најдобра ТВ серија во категоријата комедија/мјузикл, а за Најдобра ТВ драма беше прогласена „Breaking Bad“.
Брајан Кренстон победи во категоријата Најдобар актер во ТВ драма („Breaking Bad“), додека кај Робин Рајт заврши наградата Најдобра актерка во ТВ драма („House of Cards“).
Филм
Best Picture, Drama: „12 Years a Slave“
Best Picture, Musical or Comedy: „American Hustle“
Best Director: Alfonso Cuaron („Gravity“)
Best Actor, Drama: Matthew McConaughey („Dallas Buyers Club“)
Best Actress, Drama: Cate Blanchett („Blue Jasmine“)
Best Actor, Musical or Comedy: Leonardo DiCaprio („The Wolf of Wall Street“)
Best Actress, Musical or Comedy: Amy Adams („American Hustle“)
Best Supporting Actor: Jared Leto („Dallas Buyers Club“)
Best Supporting Actress: Jennifer Lawrence („American Hustle“)
Best Screenplay: Spike Jonze („Her“)
Best Original Score: Alex Ebert („All Is Lost“)
Best Original Song: „Ordinary Love“ („Mandela: Long Walk to Freedom“)
Best Foreign Language Film: „The Great Beauty“
Best Animated Feature: „Frozen“
Cecil B. DeMille Award: Woody Allen
Телевизија
Best TV Series - Drama: „Breaking Bad“
Best Performance by an Actress in a TV series, Drama: Robin Wright Penn („House of Cards“)
Best Performance by an Actor in a TV Series - Drama: Bryan Cranston („Breaking Bad“)
Best TV Series, Comedy or Musical: „Brooklyn Nine-Nine“
Best Performance by an Actress in a TV Series, Comedy or Musical: Amy Poehler („Parks and Recreation“)
Best Performance by an Actor in a TV Series, Comedy or Musical: Andy Samberg („Brooklyn Nine-Nine“)
Best Miniseries or Motion Picture Made for Television: „Behind the Candelabra“
Best Performance by an Actor in a Miniseries or Motion Picture Made for Television: Michael Douglas („Behind the Candelabra“)
Best Performance by an Actress in a Miniseries or Motion Picture Made for Television: Elisabeth Moss („Top of the Lake“)
Best Supporting Actress in a Series, Miniseries or Motion Picture Made for Television: Jacqueline Bisset („Dancing on the Edge“)
Best Supporting Actor in a Series, Miniseries or Motion Picture Made for Television: Jon Voight („Ray Donovan“)