Како и секоја година, специјални гости на ревијата на Викторија Бекам беа нејзините деца заедно со нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.
41-годишната дизајнерка имаше резервирано место во првиот ред за најважните личности во нејзиниот живот.
Дејвид внимателно ја набљудуваше презентацијата на новата колекција на Викторија покрај 4-годишната Харпер, 10-годишниот Круз, 13-годишниот Ромео и 16-годишниот Бруклин.













Претходно, поранешниот фудбалер со четирите деца беше фотографиран додека пристигнуваше во Њујорк.


