Британското „Elle“ реши да направи голема промена во изгледот на насловната страна. Прекршувајќи ја традицијата секогаш на корицата да има женско лице, уредничките на списанието за првпат целосно му ја дадоа насловната страна на маж.
На насловната на јулското издание на „Elle“ позира Дејвид Бекам.
„Дејвид Бекам е национален херој. Тој е икона... Кој не би сакал да види на насловната фотографија од еден од најзгодните мажи на светот?“ – пишува главната уредничка, Лорејн Кенди.
„Како би се опишал себеси? Не знам, преферирам други луѓе да го прават тоа. Хмм, малку срамежлив“ – изјавил Бекам во интервју за списанието.