Дауцен Крус накратко ги тргна завесите на својот приватен живот и позираше со семејството за „Вог“ Холандија. На една од фотографиите, 30-годишната манекенка ја дои шестмесечната ќерка Милена, додека нејзиниот сопруг Санери Џејмс го прегрнува четиригодишниот син Филен.
Прекрасното семејство било фотографирано во Њујорк.
Модното списание направи три корици со привлечната русокоса, која стана ангел на Victoria’s Secret во 2008 година.
Во интервју за „The Wall Street Journal“, Дауцен неодамна сподели дека не знае уште колку долго ќе соработува со Victoria’s Secret. „Времето ќе покаже, но знаете како велат: Еднаш ангел, засекогаш ангел“ – рекла таа.
На прашањето каде се гледа себеси по 10 години, таа одговорила: „Не знам. Пред 10 години не знаев дека ќе бидам тука. Можеби ќе снимам филмови, сонувам за да работам со одредени режисери. Или можеби ќе живеам на некое тивко место, каде ќе можам да одгледувам свои зеленчуци.“
Крус и Санери се во брак од ноември 2010 година. Брачниот пар живее во Њујорк, но поседува дом и во Амстердам.