Дауцен Крус привлече многу погледи на доделувањето на наградите на Town & Country во Њујорк.
Во хотелот „The Standard“, 34-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret зачекори во црно корсет фустанче со должина над колената. Крус го надополни својот изглед со црни сандали.



Неодамна, Дауцен изјави дека е среќничка што е родена со толку неверојатна фигура со која се издигна во модниот свет, а зборуваше и за модата во минатото и сега. „Во моите почетоци, модната индустрија беше поигрива и не толку пресметана. Сега, поради социјалните мрежи, сите знаат сè. Има 15-годишни девојки кои ги знаат сите големи фотографи и модни дизајнери“ – рекла таа.


Дауцен се прослави во 2005 година, кога беше избрана од „Вог“ за Модел на годината, а во 2008 година стана ангел на Victoria’s Secret.