Синоќа, во Лос Анџелес премиерно беше прикажан филмот „Fifty Shades Darker“.
Главните ѕвезди, Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, присуствуваа заедно на премиерата и заводливо позираа пред фоторепортерите. На настанот, 27-годишната актерка донесе романтичен гламур во фустан со длабоко деколте и гол грб од колекцијата пролет 2017 на Валентино.
















„Fifty Shades Darker“ е второ продолжение од трилогијата „Fifty Shades“, а ќе започне да се прикажува во кино салите на 10 февруари, непосредно пред Денот на вљубените.
Трејлер за „Fifty Shades Darker“
Постер за „Fifty Shades Darker“
