Селма Хајек го краси јулското издание на списанието „InStyle“. 46-годишната актерка блеска на корицата во црвен фустан на Сен Лоран.
Во интервју за списанието, филмската ѕвезда споделила дека убавината никогаш не била нејзин приоритет. „Знам дека луѓето отсекогаш ме сметале за убава, но јас никогаш не сум се трудела да бидам онолку убава колку што можам да бидам. Можам да правам многу повеќе – да вежбам или да не јадам десерт. Или да не пијам алкохол. Можам да вложувам повеќе напори. Не мислам дека мојот прв приоритет во животот некогаш бил убавината“ – изјавила таа.
Фотосесијата била направена од познатиот фотограф Душан Рељин.