Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Го прославила 82. роденден со фотосесија за „Vogue“ Италија

ФОТО: Го прославила 82. роденден со фотосесија за „Vogue“ Италија

Кармен Дел Орефиче е најпознатиот модел кој никогаш нема да се пензионира. Шармантната дама пред неколку дена го прослави својот 82-ри роденден, а во исто време беше објавен нејзиниот едиторијал за „Vogue“ Италија.

Кармен Дел Орефиче

На фотографиите возрасната Американка ја покажува одржаната фигура, позирајќи заедно со модели кои се барем 60 години помлади од неа.

За фотосесијата „Be In Shape Ever“ направена од Грег Лотус, Кармен носи креации на Шанел и Александар Ванг.

Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче Кармен Дел Орефиче

Кармен за првпат била забележана на 13-годишна возраст додека се возела во градски автобус со мајка си. Две години подоцна ја добила својата прва насловна на „Vogue“. До ден денес таа е активна во светот на модата и е особено барана од компаниите чии брендови се поврзуваат со луксуз.

Нејзиниот зачуван изглед донекаде е резултат на мајката природа, но Кармен не се срами да признае дека користи инјекции за подобрување на изгледот. „Ако вашиот таван паѓа, нема ли да го поправите?“ – изјавила таа, одговарајќи на прашањето кое си го поставува секоја жена што ќе ја здогледа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19939 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.