Гвен Стефани, која неодамна објави дека се разведува од Гевин Росдејл, целосно им е посветена на децата. 45-годишната пејачка беше фотографирана како се забавува во парк со својот најмал син Аполо.
Музичката ѕвезда не можеше да ја сокрие насмевка на лицето додека се лулаше со своето едногодишно синче.







На почетокот на месецот, Гвен поднесе документи за развод по 13 години брачен живот со Гевин.


Претходно, славната пејачка беше фотографирана со своите родители и синовите Кингстон и Зума, додека се упатуваше во црква.





